вторник, 14 февруари 2012, 11:05
Уапсен синот на Хју Хефнер заради напад на „Плејбој зајчица“
Марстон Хефнер, син на медиумскиот магнат Хју Хефнер, уапсен е заради напад на „Плејбој зајчицата“ Клер Синклер.
Полицијата во домот на Марстон, во кој живее со Клер, стигна на повик на еден од членовите на нејзиното семејство. После интервенцијата, полицијата на нејзиното тело се пронајдени голем број повреди, модринки и гребнатини.
Клер изјави дека Марстон ја тепал во текот на караницата и дека со тупаница ја удрил во стомакот. Не и дозволил да си оди од вилата во Пасаден, но таа успеала да ги повика родителите и да им раскаже за драмата која се случила.
Марстон на полицијата им рекол дека се скарале, но негираше дека ја тепал. После истрагата е уапсен и неколку часа подоцна пуштен со кауција од 20.000 долари. Двојката е во врска од август 2010 година. Марстон е син на Хефнер од вториот брак со зајчицата Кимберли Конрад со која го има и синот Купер Бредфорд.