вторник, 14 февруари 2012, 08:48
Ал Пачино доби од американскиот претседател Национален медал за придонес во уметноста
Познатиот американски актер Ал Пачино беше удостоен со Национален медал за придонес во уметноста, кој му беше врачен од американскиот претседател Барак Обама на церемонија во Источниот салон во Белата куќа во присуство на првата дама Мишел Обама.
Освен 71-годишниот Пачино, ѕвезда на филмовите „Кум“ и „Кучешко попладне“, медали добија и кантрипејачот Мел Тилис и уште 15 претставници од сферите на уметноста и науката.
Обама доделувајќи ги медалите нагласи дека уметноста има сила да ги обединува луѓето.
Во САД медалот за придонес во уметноста се смета за една од почетните награди во хуманитарната област.