петок, 03 февруари 2012, 16:06
Мариса Томеи обвинета за поплавување на нејзината зграда
Актерката Мариса Томеи ќе мора да се јави на суд поради предизвикување поплава и уништување на два стана во нејзината зградата во Њујорк, меѓу кои е и апартманот на режисерот Џон Вотерс.
Компанијата за заштита на правата на станарите поднесе тужба против Томеи пред Суд во Менхетен, во која се наведува дека актерката, која е добничка на Оскар за споредна женска улога за филмот „Мојот роднина Вини“, во септември 2010 предизвикала поплава и нанела штета од 128.000 долари.
Адвокатите и претставниците на Томеи засега не ја коментираа тужбата.