Rss feed

Шоу Бизнис

петок, 03 февруари 2012, 15:52

Бијонси доби понуда од 500 милиони долари за да учествува во Икс Фактор

Бијонси доби понуда од 500 милиони долари за да учествува во Икс Фактор
Симон Ковел, главен зачетник на натпреварот во пеење Икс Фактор и понуди на Бијонси 500 милиони долари, доколку се согласи да учествува во шоуто.

Симон оваа вртоглава сума на Бијонси и ја нуди за пет години, што значи дека нејзината годишна плата би изнесувала сто милиони долари.

Американските медиуми јавуваат дека Бијонси би требало да седне на местото на некој од судиите во шоуто, бидејќи пејачките Никол Шерцингер и Пола Абдул повеќе не се дел од тимот на шоуто.

- Ковел сака големо женско име во шоуто. Мараја Кери е супер, но таа не е толку барана во овој момент. Тој ја сака Бијонси, бидејќи таа веднаш би привлекла милиони и милиони гледачи, изјави извор на портарот „Медиа тејк аут“.

Доколку популарната пејачка би се согласила да биде судија во шоуто за таленти во пеење, таа и нејзиниот сопруг Џеј Зи заедно би „вределе“ над една милијарда долари.

Икс фактор е најпопуларен натпревар во пеење во САД, каде го следат и до 20 милиони гледачи.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.