четврток, 02 февруари 2012, 12:26
Можна е нова истрага за причините за смртта на Ејми Вајнхаус
Судскиот иследник, кој ја спроведувал истрагата за оконостите за смртта на пејачката Ејми Вејнхаус, поднесе оставка откако неговите квалификации на делото беа доведени во прашање.
Тоа може да доведе до нова истрага за смртта на Вејнхаус, која во јули минатата година беше пронајдена мртва во својот дом, во северниот дел на Лондон.
Семејството на соул пејачката соопшти дека се уште ја разгледува најновата вест и затоа бара правен совет.
Судскиот иследник Сузан Гринвеј во октомври процени дека Вејнхаус умрела од труење со алкохол.
Гринвеј во 2009 година на позицијата помошник на заменик судскиот иследник во Лондон беше поставена од страна на нејзиниот сопруг, Енди Рид. Тој, инаку, е судски иследник за северен Лондон.
Гринвеј во ноември поднесе оставка, откако властите утврдија дека пет години не била регистрирана како британски адвокат, што по правилата таа морала да го стори. Таа со право се занимавала девет години, но во својата родна Австралија.
За нејзината оставка ништо не се знаело до вчера.
-Во тоа време верував дека нејзиното искуство како адвокат во Австралија одговара на барањата за оваа должност, наведе Рид во соопштение. „Во ноември минатата година стана очигледно дека погрешив што ја поставив на оваа должност и затоа ја прифатив нејзината оставка“, наведе тој.
Рид не прекршил ниту еден закон со поставувањето на сопругата на оваа должност, но го заобиколил професионалниот кодекс.
Локалните власти сега истрагата и ја препуштија на повисока инстанца.