сабота, 18 август 2012, 11:45
Истече пробната верзија на Skype за Windows 8
Пробната верзија на Skype за Windows 8 се појави за бесплатно симнување на интернет. Интерфејсот на програмата е во согласност со овој оперативен систем, пренесува интернет изданието The Verge.
Новиот Skype е означен како App Preview, но располага со речиси целосна функционалност. Тој е инспириран целосно од веќе поранешниот Metro интерфејс, чие име Microsoft го замени привремено со Windows 8. Според изданието NeoWin сепак, другото име за интерфејсот е и Modern UI.
Апликацијата не воведува којзнае какви нови можности. Таа одново овозможува да правите списоци со најчесто користените контакти и разговори и дава полесен пристап до платените услуги.
Интерфејсот сепак е многу практичен, особено ако ја користите апликацијата на таблет. Тој е поделен на неколку колони, кои даваат брз и лесен пристап до последните пораки и листата со контакти.
Портпаролот на Microsoft објави пред The Verge дека во оваа фаза нема што да сподели. Очекувањата се дека, сепак, новиот Skype може и да го претекне дебито на Windows 8.
Линковите кон пробната верзија немаат особено долг живот, но се уште може да се најдат.