Rss feed

Наука и Технологија

петок, 10 август 2012, 20:37

22.5 милиони долари казна за cookies

22.5 милиони долари казна за cookies
Американскиот технолошки гигант Google ќе плати рекордна сума од 22.5 милиони долари за вонсудски договор, пренесоа светските агенции.

Тоа е највисоката парична казна, наметната на компанија за непочитување на одредбите на Сојузната комисија за трговија (ФКТ), објави денеска регулаторното тело.

Без разлика колку се големи или мали, сите компании треба да ги следат инструкциите на ФКТ и да ги исполнуваат своите ветувања за заштита на податоците во однос на корисниците, рече шефот на комисијата Џон Лајбовиц.

Google има пронајдено начин на пребарувачот Safari за уредите iPhone, iPad, компјутерите на Apple да ги остава без согласност на корисниците т.н. "колачиња" (cookies), преку кои може делумно да се следи активноста на корисникот на интернет.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.