Rss feed

Наука и Технологија

петок, 10 август 2012, 20:29

Google Translate ќе преведува преку камерата на вашиот мобилен телефон

Google Translate ќе преведува преку камерата на вашиот мобилен телефон
Последната надградба на програмата Google Translate ќе им овозможи на корисниците да ја користат камерата на Android смартфонот за преведување на текст.

На официјалната блог страница на Google е прецизирано дека компанијата ја интегрира технологијата за оптичко препознавање на писмени знаци (OCR) која се користи во апликацијата Google Goggles. Со нејзина помош, мобилната камера ќе може да го скенира текстот, кој треба да биде преведен, елиминирајќи ја потребата да биде воведувано "своерачно" од страна на корисниците.

"На овој начин Google Translate станува најинтелигентна апликација која учи сама од себе", вели помладиот производот асистент на Google, Етјен Дегуин.

За да ја користат новата карактеристика на програмата, корисниците ќе треба да го притиснат копчето на камерата, да го допрат екранот за да "замрзнат" кадри, и конечно да подвлечат фрагменти од текстот кој сакаат да биде преведен.

Како и до сега, преведениот текст може да се репродуцира гласовно од програмата, по избор на корисникот.

Во моментов, Google Translate подржува камера-преводи од и на 11 јазици - чешки, холандски, англиски, француски, германски, италијански, полски, португалски, руски, шпански и турски.

Од компанијата тврдат дека работат напорно за интеграција на повеќе јазици на новата услуга.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.