вторник, 21 февруари 2012, 16:19
Руски научници „оживеале“ билка од ледената доба
Руски научници соопштија дека успеале да оживеат цела билка - цвет од леденoто доба, во пионерски експеримент кој би можел да послужи за оживување на разни други билки, но и на животински видови.
Научниците тврдат дека „Silene stenophylla“ е најстара билка која е „оживеана“ и дека веќе произведува бели цветови и семиња.
За експериментот е користено ткивото на билката пронајдено во сибирскиот мраз старо повеќе од 30.000 години.
Руските научници тврдат дека експериментот докажува дека мразот служи како природно складиште на древните облици на живот. Своите наоди научниците ги објавија во американското стручно списание „Proceedings of Natiional Academy of Sciences“.
- Сметаме дека е од суштинска важност е да продолжиме со истражувањето на мразот во потрага за древно складиште на древниот живот што хипотетички исчезнал многу одамна од лицето на земјата, наведуваат експертите во текстот.
Канадските научници веќе претходно регенерираа некои многу млади билки од семиња пронајдени во животинските дупки.
Светлана Јашина од Институтот за биофизика на Руската академија на наука рече дека оживеаната билка личи на билка која се уште расте во истиот регион на североисточен Сибир.
- Тоа е издржлива и прилагодлива билка, рече Јашина и додаде дека се надева дека со тоа ќе ја продолжи својата работа и ќе регенерира уште билки.
Рускиот тим пронајде соодветен плод по истражувањата на десетина фосилни остатоци пронајдени во мразот на десниот брег на реката Колим на североистокот на Сибир.
Фосилните остатоци стари меѓу 30.000 и 32.000 години биле целосно замрзнати заради што инфилтрацијата на водата била невозможна и така е создадена ледена комора која плодот го изолирала во целост од надворешните влијание.
Фосилите се пронајдени на места каде што се кријат верверичките кои копале во земјата и ги полнеле дупките прво со сено а потоа и со влакна. Дупките се наоѓаат 38 метри под моменталната површина на мразот.
Една од авторите на студијата Станислав Губин смета дека овој потфат би можел да помогне и во „оживување“ и цицачите од ледената доба како мамутот или крзнениот носорог.
Јапонските научници веќе работат во истата област во потрага за остатоците на мамутот но Губин се надева дека Русите се први кои ќе пронајдат замрзнато животинско ткиво кое би го искористиле за регенерација.