Rss feed

Наука и Технологија

вторник, 21 февруари 2012, 16:16

Меѓународната трговска комисија реши во полза на Apple во спорот со HTC

Меѓународната трговска комисија реши во полза на Apple во спорот со HTC
Меѓународната трговска комисија донесе одлука во полза на информатичкиот гиган Apple во спорот со тајванската компанија HTC, која ја обвини американската корпорација за кршење на правата на интелектуална сопственост за пет нејзини патенти поврзани со начинот на бирање на телефонските броеви и со батериите вградени во мобилните апарати.

Спорот започна пред две години кога HTC побара судска забрана за продажба на телефоните iPhone на Apple на целата територија на САД. Подоцна тужбата беше проширена и со забрана за продажба на таблет уредот iPad, како и на одредени модели на плеерот iPod.

HTC е еден од водечките производители на „смартфони“ во светот, кои го користат оперативниот систем Android на Google.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.