Rss feed

Наука и Технологија

понеделник, 20 февруари 2012, 16:35

Индиските студенти бесплатно ќе добијат евтин таблет Aakash

Индиските студенти бесплатно ќе добијат евтин таблет Aakash
Сите индиски студенти беплатно ќе добијат евтин таблет компјутер Aakash, соопшти индискиот министер за развој на човечки ресурси Капил Сибал.

Според него, индиската Влада ги поддржува напорите компјутерот да биде уште поевтин и што е можно повеќе да е составен од компоненти кои се произведуваат во Индија.

Производството на Aakash во моментот е во мал застој поради спорот меѓу неговиот производител, британската компанија Datawind и индискиот технолошки институт IIT Rajasthan.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.