понеделник, 20 февруари 2012, 16:31
Ново руво на Windows
Windows 8 наскоро ќе се најде на пазарот, а популарниот Microsoft оперативен систем освен новите функции и новиот дизајн ќе доаѓа и под сосема ново лого.
Препознатливиот шарен „прозорец“ кои могумина повеќе ги потсеќа на знаме заминува во историјата, а ќе биде сменет од лого.
За дизајнот на новото лого заслужна е Паула Шер од агенцијата пентаграм, објавено е на официјалниот блог на Microsoft.
Сем Моро, член на тимот кој го изработува Windows 8, тврди дека од самиот старт ветувале големи промени, па ниту логото не може да биде исклучок.
Редизајнирањето на логотипот, тврди Моро, има три главни цели. Првата цел било да се создаде комбинација на модерен и класичен изглед. Втората цел била логото да биде „автентично дигитално“, а третата да изгледа скромно, но самоуверено.