Rss feed

Наука и Технологија

петок, 17 февруари 2012, 18:47

Apple го претстави новиот десктоп оперативен систем

Apple го претстави новиот десктоп оперативен систем
Apple го објави новото издание на десктоп оперативниот систем OS X Mountain Lion, соопштува технолошкиот портал CNET.

"Планински лав" ќе носи во себе многу промени, но најзначајните од нив се поблиската интеграција со мобилната платформа iOS, систем за лесно споделување на Twitter, како и нов панел со известувања.

Уште со OSX Lion оди и воведувањето на Mac App Store сајтот, Apple со најава дека планираат да го приближат што е можно повеќе десктоп и мобилниот оперативен систем. Неколку од апликациите за паметен телефон и таблет веќе ќе бидат вклучени и во лаптопите и десктоп компјутерите на компанијата. Програмата iChat ќе биде заменета со  Messanger, познат за iPhone корисниците, а апликациите за белешки и потсетници веќе ќе бидат одвоени од календарот софтвер на OS X.

Едно од најдобро оценетите иновации во iOS 5 беше менито со известувања и не е случајно дека Apple го ставаат и во десктоп оперативниот систем. Во него ќе се појавуваат известувања за нови писма, разговори и потсетници, како и пораки од сите овластени апликации.

Други квалитети на мобилната платформа кои ќе најдат место во Mountain Lion е можноста за лесно споделување на линкови во социјалните мрежи. Прелистувачот Safari, како и сите други Apple апликации ќе вклучуваат копче Share кој ќе овозможува да го испратите разгледувањето на содржината во системот Messanger или Twitter.

Слична интеграција има и со системот за складирање на податоци во "облакот" - iCloud. Секоја апликација за слики, текст и видео ќе има вградена способност да качува содржина на серверите на Apple, од каде што подоцна може да биде достапна од било кој уред на компанијата - било мобилен или десктоп.

Една од загриженоста на програмерите беше дека кај постепеното спојување на функциите на iOS и OS X ќе треба на десктоп компјутерите да се прави т.н.. jailbreak за да може да се подигнат апликации од надворешни извори. Овие стравувања делумно се оправдани откако Apple ја додаде програмата Gatekeeper за следење на изворите на софтвер. Таа ќе служи за проверка на безбедноста на софтверот и може да се подеси така што да не дозволува качување на апликации надвор од Mac App Store каталогот. Сеуште постои и опција за непречено овозможување на сите програми.

Бета на Mountain Lion веќе е достапна за Apple развивачите. Целосната верзија се очекува да излезе на пазарот во текот на летото.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.