петок, 17 февруари 2012, 18:02
„Анонимните“ извршија нов напад на американски владини Интернет страници
Хакерската група „Анонимните“ соопшти дека изршила нови напади врз Интернет страни на институции во САД, меѓу кои Федералната комисија за трговија (ФТК).
„Анонимните“ објавија дека извршиле напад на Интернет страните на бизнис центарот за заштита на потрошувачите ФТК и Националната недела за заштита на потрошувачите.
Двете Интернет страни се заменети со видео запис на германски јазик, исмејувајќи го Трговскиот договор за борба против пиратеријата, познат како АКТА.
Договорот беше потпишан неодамна од неколку земји, но предвидените со него ограничувања предизвикаа големо протестно движење.