четврток, 16 февруари 2012, 16:35
65% од младите луѓе го поминуваат слободното време во друштвените мрежи
Младите сакаат да го поминуваат речиси целото слободно време во социјалните мрежи, покажува најновото истражување во Велика Британија.
Гледањето телевизија е веќе демоде, а младите го користат времето за сурфање на интернет, покажува истражувањето на 1.300 момчиња и девојчиња на возраст меѓу 18 и 24 години. Комуникацијата со пријателите во социјалните мрежи трае речиси целото слободно време на 65% од учесниците.
Една третина од испитаниците поминуваат на интернет повеќе од 3 часа на ден. Многу од нив го прават тоа не само дома, но и во болниците, во градскиот транспорт, па дури и во судницата.
Популарноста на социјалните мрежи се зголемила и меѓу луѓето над 55 години, покажуваат резултатите од истражувањето. Тие се повеќе ја сакаат онлајн телевизијата, наместо традиционалната.