Rss feed

Наука и Технологија

четврток, 16 февруари 2012, 16:30

Разводот меѓу Sony и Ericsson веќе е официјален

Разводот меѓу Sony и Ericsson веќе е официјален
На 15-ти февруари конечно е завршена трансакцијата за стекнување од страна на јапонскиот концерн Sony на 50% од Ericsson во заедничкото претпријатие за мобилни телефони Sony Ericsson. Ericsson потврди дека за својот дел добил 1,05 милијарди евра од Sony.

Новата компанија за производство на мобилни телефони ќе се вика Sony Mobile Communications. Меѓу задачите на компанијата се "дизајн, развој, производство и продажба на мобилни телефони".

Новата единица ќе биде интегрирано посилна во останатите бизнис потфати на Sony. Корисниците ќе имаат повеќе можности за поврзување на телефоните со другите производи на Sony, како таблети, телевизори и компјутери. На преден план излегува споделување на содржини, а освен тоа, корисниците може да очекуваат и подобра интеграција со Sony Entertainment Networks и пристап до музика и филмови. Освен тоа, Sony тврди дека гаранциите за производите на Sony Ericsson остануваат во сила. Ребрандирањето и замена на логото Sony Ericsson ќе се случат до крајот на првата половина на годината.

Првиот паметен телефон кој Sony го пушти самостојно на пазарот, беше претставен на овогодинешниот саем CES. Sony Xperia S располага со 1,5-гигахерцов dual-core процесор и меморија од 32 гигабајти. Екранот со големина 4,3 инчи нуди резолуција од 1280 x 720 пиксели. Смартфонот беше опремен првично со оперативен систем Android 2,3, но Sony веќе објави ажурирање до Android 4.0.

Смартфонот подржува и игри за Playstation произведени од Sony и овозможува пристап до Sony Entertainment Networks. Со помош на Bravia-Sync уредот може да се управува и преку далечински управувач за телевизор.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.