Rss feed

Наука и Технологија

среда, 15 февруари 2012, 20:59

Најефтиниот WP7 уред - Lumia 610?

Најефтиниот WP7 уред - Lumia 610?
Ако треба да му се верува на TechRadar, на Mobile World Congress не чекаат нови производи на Nokia наменети за таканаречениот entry level пазарен сегмент. Се спомнува Lumia 610 кој би требал да биде најефтиниот смартфон со Windows Phone OS.

Мобилниот би требало да биде понуден во припеј опција на мобилните оператори, а би требало да го има во себе оперативниот систем на Microsoft, Tango. Цената на уредот би требала да биде помала од 150 евра. Исто така на MWC би требало да биде презентирана и предмалку споменатата надградба на OS, а од новините се дознава за оптимизацијата за работа на уреди со послаб хардвер.

Со овој потег, Nokia и Microsoft целат на купувачите кои првпат купуваат смартфон со ниска цена. Тоа е пазар кој досега беше ислкучиво резервиран за Android.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.