Rss feed

Наука и Технологија

среда, 15 февруари 2012, 20:36

Microsoft им демонстрираше на програмерите како да закачуваат програми во новиот Windows Store

Microsoft им демонстрираше на програмерите како да закачуваат програми во новиот Windows Store
Во подготовките за премиерата на Windows 8 на крајот на 2012 година, американскиот софтверски гигант Microsoft започна кампања за информирање на програмерите на апликации како точно да ги испраќаат своите производи во каталогот Windows Store. Ова го објави компанијата во соопштението на официјалниот блог.

Во специјално видео, програмскиот менаџер Џонатан Гариг го објаснува целиот процес за регистрација на апликациите, нивно комплетирање со дополнителна маркетинг информации, како и подоцнежната серија проверки од страна на Microsoft пред конечното објавување во каталогот.

Гариг го покажува процесот на резервација на име за апликацијата, во поставувањето на цена и различни опции за претплати и промоции до завршувањето на комплетот со примерни слики и опис. Во видеото е прикажано и како точно се качува самиот софтверски пакет во системот на Microsoft.

Според презентираните информации периодот на одобрување на апликациите ќе биде максимум 6 дена и вклучува тестови за безбедноста на софтверот, негова хардверска компатибилност, како и неговата способност да работи со други програми. Според Microsoft, целиот процес на одобрување е целосно транспарентен и програмерите можат да следат кај се наоѓа производот.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.