вторник, 14 февруари 2012, 18:55
Хакерски напад на онлајн продавницата на Microsoft во Индија
Microsoft вчера беше приморан да ја затвори својата онлајн продавница во Индија поради хакерски напад од групата која себе си се нарекува Evil Shadow Team.
Веднаш по нападот на веб сајтот се објавени снимки со кориснички податоци, а потоа сајтот престана да работи.
Од компанијата велат дека истрагата е во тек, додека агенцијата Ројтерс објави информација која ја добила од хакерите дека податоците на купувачите биле незаштитени. Microsoft им се извини на корисниците поради настанатите проблеми со работата на веб сајтот, а сајтот до пред некое време сеуште не беше ставен во функција.
Во моментот кога сајтот беше хакиран, на него се наоѓаше маската на Гај Фокс, која е заштитен знак на познатата хакерсдка група Anonymous.