вторник, 14 февруари 2012, 16:35
Научниците на прагот на создавање систем за живот на Месечината
Руските научници од сибирскиот град Краснојарск се близу до создавање на затворен систем за одржување на живот на луѓето (БИОС) на други планети.
Без автономни биолошки циклуси нема да може да помине изградбата на базите на другите небесни тела, затоа без нив незамисливо е понатамошно освојување на вселената. Сега ова прашање звучи уште поактуелно: база на Месечината може да се појави наскоро, веќе во 20-те години на овој век.
Сличен систем треба во целост да му обезбеди на човекот воздух за дишење, како и вода и храна, преработувајќи ги продуктите на неговите животни активности. Од надвор стигнува само светлина и електрична енергија. Комплексот треба да биде компактен, бидејќи ќе мора да оди во вселаната.
Во Русија на комплексот БИОС се работи во Краснојарск.
- Постигнавме таква состојба што се надеваме дека за една година или две ќе постигнеме стопроцентен биолошки затворен циклус. Претходната генерација научници имаа 60-70 отсто. Затворениот циклус потребен е за стационарните населени бази на Месечината или на Марс, објаснува научникот на Сибирскиот институт за биофизика, Андреј Дегерменџи.
И на Месечината и на Марс има вода, може нешто да се земе од рудата, но за човечко користење тоа најверојатно ќе биде забрането.
Американците имаат проект со слична намена под назив „Биосфера 2“ - стакленици на речиси хектар и пол со мали животни, живина, рептили, водена акумулација и „пустин“. Експерименти во кое учествувале осум луѓе, вршени се во него до 1996 година. Рускиот проект не само што е покомпактен, туку има и битни разлики, рече Андреј Дегерменџ.
Американската „Биосфера 2“ е управувана од надвор, а луѓето биле во неа пасивни. Тоа противречиа на руските желби системот да биде целосно автономен - и по управување и по затвореноста на циклусот.
Според Дегерманџи, Кинезите предложиле да купат цела лабораторија и ја пренесат кај нив. А Европската вселенска агенција веќе уплатила средства на неа да врши експерименти кои би покажале како се менува состојбата на микроорганизмите во затворени услови.
Резултатите од истражувањата нетрпеливо се очекуваат на Меѓународната вселенска станица.
После постигнување на целосна биолошка изолација истражувањата нема да бидат завршени. Претстои обработување на т.н. хавариски режими.
Сценарија има толку што за нивната проверка ќе бидат потребни години.