четврток, 28 април 2011, 10:00
Доделување на признанија на МРТ и Советот на Фестивалот Цветници
Македонската Радио Телевизија и Советот на фестивалот “Цветници“ 2011 година – доделуваат признанија за: “Востановување, афирмација и организирање на фестивалот “Цветници“ во продукција на Македонската Радио Телевизија” а со тоа и афирмација на македонската авторска мелодија во духот на македонската мелопоетската традиција”.
Признанијата им се доделуваат на: На Киро Милев – долгогодишен уредник на музичко касетната продукција на МРТ, заслужен за востановувањето на првото издание на фестивалот, со придонес покрај другото и за збогатувањето на фондот како на традиционални, така и на нови авторски фолк мелодии.
На Јане Коџобашија – признат авор, композитор на музика втемелена врз македонскиот оригинален музички код, долгогодишен уредник на музичко касетнта продукција на МРТ, заслужен за востановувањето на првото издание на фестивалот, “кум“ на “Цветници”.
На Мате Грујовски – долгогодишен уредник на редакциите за народна музика на МРТ, заслужен за востановувањето на првото издание на фестивалот како и за востановувањето на основните норми, стандарди на новата фолк мелодија во духот на народната традиција .
На Виолета Хаџи Скерлева – новинар во некогашната ревија “Екран“ – за долгогодишнта работа и посветеност на македонската фолк музичка сцена, со “остро перо“ во одбраната од напливот на шунд на македонската фолк сцена и во Македонскиот етер и медиумите .
На Музичката продукција на МРТ - за трудот на генерациите врвни професионалци: инструменталисти во оркестрите на Македонската Радио Телевизија , музички продуценти,тон мајстори, асистенти на тон, техничко - помошен кадар. За огромниот фонд на снимен материјал низ текот на годините и чувањето од заборав на музичката историја и музичкиот идентитет на Македонскиот народ но и музичкиот идентитет на сите граЃани на Република Македонија во изминатите 67 години на Македонското Радио и 47 години на Македонската Телевизија .
Признанијата - специјално дизајнирани статуетки, на лауреатите Ќе им бидат доделени од страна на уметничкиот директор на фестивалот, Методија Автовски и координаторот уредник на фестивалот, Каролина Петковска на сцената на “Цветници“ 2011 година, во Универзалната сала во Скопје на 28.04.2011 година .