Rss feed

Фестивали

четврток, 28 април 2011, 10:01

“Цветници“ 2011 година

“Цветници“ 2011 година
Почитувајки ги вредностите и императивот на повеќе децениското архивирање, продуцирање и презентирање на вистинските вредности од областа на македонското културно богатство, некогаш и сега во сите негови форми и облици, Македонската Радио Телевизија ја обновува традицијата на еден од најстарите и единствениот од таков вид фестивали на: нови фолк мелодии, презентирани комплетно ”in live”, т.е во живо - „Цветници“.

За таа цел со одлука на генералниот менаџерски тим, се пристапи кон нарачка на мелодии од најпознатиите и најреномирани авторски имиња на Македонската музичка сцена.

Интерпретаторските имиња  што ќе ги исполнуваат новите 15 фолк мелодии во духот на македонската мелопоетска традиција се исто така избор од врвните и најпопуларни вокали во моментотв на фолк сцената во земјава.

Интерпретаторите и учесниците во шоу програмата ќе бидат придружувани од голем народен оркестар и пратечки вокали во живо.

Фестивалот на нови фолк мелодии, ќе се одржи на 28.04.2011 година, на сцената на Универзалната сала во Скопје со почеток на директниот пренос на програмите на: Македонското Радио, МТВ 1 и МКТВ САТ во 20:30 мин.

Низ ретроспективни навраќања публиката ќе се потсети на почетоците на фестивалот „Цветници“, на големите хитови  - одпеани на овој фестивал од страна на инрепретатори кои си заминаа  од музичката и животна сцена а ќе бидат доделени и три награди на личности со чиешто исклучително залагање е започната иницијативата и востановувањето на овој фестивал во 1990 година (тогаш - „ФОЛК ХИТ“).
Носител на проектот е Секторот за Забавна програма на МТВ и Музичката продукција на МРТ.

Уметнички директор на фестивалот е Методија Автовски, а со  големиот народен оркестар ќе раководи - Тодор Трајцевски.

Да  ја вратиме традицијата на квалитетна, оригинална и жива Македонска народна песна - „Цветници“ 2




 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.