Rss feed

Забава

петок, 17 февруари 2012, 10:01

Жена од Кина со коса повлече два џипа со тежина oд 4,5 тони

Жена од Кина со коса повлече два џипа со тежина oд 4,5 тони
Ху Хуџин (43) од Кина успеа со својата коса да повлече два џипа со вкупна тежина од 4,5 тони.

Хуџин е малку повисока од метар и половина и тешка малку повеќе од 50 килограми. Настанот се организирал во градот Далилан, во провинцијата Лиаонинг.

Според нејзини зборови, таа секогаш била посилна отколку што изгледа.

-Секој ден гледав како група акробати изведуваат разни точки, па и јас посакав нешто да пробам, рече Хуијун.

Водачот на акробатската група Ју Шуние ја охрабрил да се обиде со косата да повлече возила и таа тоа од прва го направила, влечејќи автомобил тежок тон и половина.

Од тој момент  таа работела на својата сила се додека не успеа да ги повлече двата џипа. Следен предизвик ќе и биде тоа да го направи со три џипа.

Хуџин се пошегувала дека е загрижена да не ја загуби косата, но истакна дека е прекрасно чувство што успева да повлече толку големи возила, иако е толку мала со височината.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.