Rss feed

Забава

среда, 15 февруари 2012, 18:49

Во Африка со помош на „Твитер“ барат изгубени овци и бркаат разбојници

Во Африка со помош на „Твитер“ барат изгубени овци и бркаат разбојници
Полицаец од едно село во западниот дел на Кенија добил итен повик дека разбојници упаднале во домот на тамошниот учител, а неговата прва акција била тоа што испратил порака на „Твитер“.

За неколку минути жителите на селото се собрале пред домот на учителот и разбојниците избегале.

Ова е најновиот обид на Францис Кариуки да го олесни животот на жителите од селото, со користење на социјалната мрежа „Твитер“.

Кариуки истакна дека неодамна на „Твитер“ објавил информација за исчезнати овци кои набрзо потоа биле пронајдени.

Најновите истражувања покажуваат дека се зголемува бројот на корисници на „Твитер“ во Африка. Најмногу оваа социјална мрежа се користи во Јужна Африка, а на второ место е Кенија.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.