вторник, 14 февруари 2012, 10:58
Британец има 370 килограми, не може да стане од кревет
Британецот Кит Мартин (42) од Лондон е прогласен за најдебиот човек во светот, откако последното мерење покажа дека има 370 килорами. Поради неговата тежина тој не може да се движи и постојано лежи во кревет.
Дури 18 медицински работници, сестри, амбулантна возила и и носач се ангажирани да му помогнат за основните работи. Во последните десет години Кит не го напуштил креветот без помош на повеќе луѓе.
Излегувањето од домот вклучува серија медицински проверки, но лекарите велат дека Кит се уште не може да замине на вградување на желудочно премостување. Два пати дневно четири носачи одат кај Кит, а четири медицински сестри доаѓаат три пати неделно да го измијат и ја следат неговата состојба, имајќи предвид дека неговата тежина ја оневозможува работата на неговите внатрешни органи.
Најдебелиот човек во светот регистриран во Гинисовата книга на рекорди е Мексиканецот Мануел Урибе, кој имаше 571 килограми, но тој беше на диета и сега има 196 килограми, пренесува порталот „Дејли Мејл“.
Кит тврди дека по смртта на неговата мајка пред десет години тој наеднаш почнал да се дебелее поради стрес. Тој тврди дека неговата мајка починала кога имал 16 години и дека најтешко му паѓа што не може да најде девојка. Своите денови ги поминува јадејќи и гледајќи телевизија.