Rss feed

Забава

понеделник, 13 февруари 2012, 12:34

Обвинет дилер на дрога пронајден во Лондон благодарение на Фејсбук

Обвинет дилер на дрога пронајден во Лондон благодарение на Фејсбук
Обвинет нарко дилер, кој избегал од Сицилија е пронајден и уапсен во Лондон благодарение на фотографиите, кои ги поставил на Фејсбук.

Микеле Грасо (27) побегнал во 2010 година од родниот град Таормин, каде му се закануваше апсење заради трговија со дрога, а потоа му се губи трагата.

Исмејувајќи ги иследниците на Фејсбук тој како своја адреса го наведе Алкатраз, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Меѓутоа наместо да се сокрие избеганиот нарко дилер сам себе си се издал, фалејќи им се на пријателите дека добро се забавува и на својот профил на популарната социјална мрежа поставил фотографии од познати локации во Лондон, врз основа на кои полицијата лесно можела да го пронајде.

Грасо минатиот месец објави слика од кујната на една лондонска пицерија во која работел, наведувајќи го при тоа и името на ресторанот, а пред две недели постави фотографија на која позира покрај восочната фигура на Барак Обама, Том Круз и Дејвид Бекам во музејот „Мадам Тисо“.

Во меѓувреме италијанската полиција контактирала со Интерпол и британските колеги и побарала Грасо да се уапси и да се екстрадира. Сицилијанскиот суд во 2011 година го осуди Грасо во отсуство на пет години затвор и казна од 24.000 евра.

Италијанските медиуми во саботата јавија дека италијанската полиција го уапсила Грасо во операцијата наречена „Биг Бен“ и тој сега е зад решетки во Рим.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.