понеделник, 13 февруари 2012, 13:31
Франција: Три милијарди евра годишно на домашни миленичиња
Французите трошат три милијарди евра годшно на нега, храна и лечење на своите домашни миленичиња.
Ветеринарската служба доживува процветување во изминатите децении во Франција. За куќните миленичиња се води многу сметка, така што ветеринарите имаат полни раце работа, пренесуваат француските медиуими.
Според податоците на францускиот Завод за статистика, Французите во 2011 година потрошиле околу три милијарди евра за храна, ветеринарски услуги и нега на своите миленичиња.
Сега се достапни и протези за животни кои им се вградуваат, а тие зафати не се ни најмалку ефтини.
Главна причина за смрт на куче после староста и срцевите заболувања е канцерот. Група француските ветеринари на пример се специјализирани само за тој вид лечење на животни.
Од француското Здружение за ветерина велат дека бројот на заболени животни од канцер расте.
Дебелината не е проблем само на населението во Северна Америка, туку тоа ги погодува и голем број нивни миленичиња, заради претераното внесување на мрсна храна и недоволната физичка активност. Канадските ветеринари имаат се поголем број пациенти кои се на диета, пренесуваат француските медиуми.