сабота, 18 август 2012, 18:26
Во гостиварски Балиндол се инвестираат 150 илјади евра
Во Балиндол едно од поголемите села во гостиварската општина започна изградба на спортско игралиште и реконструкција на една улица. Новиот спортски терен за мали спортови се прави во дворот на училиштето „Исмаил Ќемали“ и него покрај учениците во иднина за рекреација ќе можат да го користат и жителите.
За оваа намена општината од буџетот издвои дваесет илјади евра. За подобрување на условите во селото, ќе бидат инвестирани уште 35 илјади евра во асфалтирање на коловозот, поправка на тротоарите и осветлување на улицата која води од центарот на селото до училиштето во должина од 250 метри.
Градоначалникот Руфи Османи потврди дека за изградба на патот од црквата Св. Петка до центарот на селото преку Светска Банка обезбедени се 95 илјади евра. Овој проект ќе се реализира напролет.
Објавено на 19.08.2012, од zoran
investicii vo gradot
Odlicna vest za seloto....Rufi vi cestitam za proektot ako navistina se sprovede.