петок, 17 август 2012, 19:14
МПМ се извини за пропустот и објавувањето на некрологот на Рудолф Хес
„Медиа принт Македонија“ им се извини на читателите на дневните весници „Дневник“ и „Вест“ за ненамерниот пропуст направен во денешните изданија на овие весници во кои беше објавен тажен помен.
„По повод 25 години од смртта на Рудолф Хес“, објавен од приватно лице во „Мали огласи и тажни помени“.
Компанијата посочува дека огласниот простор на весниците е грубо злоупотребен за пласирање содржини кои ниту редакциите ниту компанијата не само што не ги поддржуваат туку и остро го осудуваат.
Оваа злоупотреба компанијата ја пријави во полиција за натамошна истрага.
- Во делот „Мали огласи и тажни помени“ нема удел уредувачката политика на дневните весници ниту, пак, има удел „Медиа принт Македонија“ како компанија. Тоа е за-купен простор од приватни огласувачи. Токму затоа, многу е тешко да се има целосна контрола врз платените огласи и нивната содржина, но секако дека од наша страна се вложуваат максимални напори да не се објавуваат огласи со недолични и навредливи содржини по национална, верска, полова и каква било друга основа за дискриминациjа, се вели во соопштението на МПМ.
Според компанијата, станува збор за злоупотреба без преседан и се случува првпат во досегашната работа на кој било медиум во земјава.
- Како одговорна компанија што апсолутно ги почитува демократските вредности и цивилизациски придобивки, „Медиа принт Македонија“ ќе ги преземе сите дополнителни мерки во рамките на законските можности за да се спречат вакви злоупотреби. За конкретниов случај веќе е спроведена и внатрешна истрага, се вели во соопштението до јавноста на МПМ.
Објавено на 18.08.2012, од Леа
...
како може да не сте виновни за ова, зарем нема одговорен што го прегледува целиот весник пред да се прати на печатење -.- . Според ова што го изјавивте слободно може да се заклучи дека јас ако го закупам просторот како приватен огласувач можам се и сешто да објавувам. Немам ништо против веснициве и „Медиа принт Македонија“ ама обратете си повеќе внимание на весникот пред да го пуштите во продажба.