вторник, 14 август 2012, 20:30
Реакција на Министерството за одбрана за настанот за Слупчане
Положувањето венец од страна на министерот за одбрана и припадници на АРМ на споменик на припадниците на ОНА претставува придонес кон процесот на помирување кој е неопходен за Република Македонија и за нејзините граѓани, се наведува во реакцијата од Министерството за одбрана во врска со вчерашниот настан во Слупчане.
Потегот, се подвлекува, е политичка одлука со која воедно целосно е испочитуван Законот за одбрана на Република Македонија и не е прекршена ниту една законска одредба.
- За некои можеби беше спорно и поклонувањето на министерот за одбрана Фатмир Бесими пред споменикот на загинатите припадници на АРМ од 2001 година, но тој се одлучи да одаде почит бидејќи тоа е негова должност како министер за одбрана на Република Македонија и верува дека помирување и задничкиот живот се единствената иднина за сите граѓани на Република Македонија, стои во реакцијата од МО.
Ваквите помирувања, се посочува во реакцијата, се познати во историјата на земјите од Европската унија и преставуваат придонес кон градењето на мирот преку почитување и градење на меѓусебна доверба, како на пример Германија и Франција, Велика Британија и други земји членки на ЕУ, НАТО и во светот.
Објавено на 15.08.2012, од veles
pmiruvanj
zosto togas ako sakate pomiruvanje gi unistuvate obelezjata i spomenicite na zaginatite makedonski braniteli......