Rss feed

Вести

вторник, 21 февруари 2012, 19:29

Водачот на навивачката група Гробари уапсен во Скопје и екстрадиран во Србија

Водачот на навивачката група Гробари уапсен во Скопје и екстрадиран во Србија
Наташа Гркова Петрушевска
Водачот на навивачката група Гробари од Белград - Кими попладнево е уапсен од страна на алфите во кафуле на улицата Ленинова.

Полицијата го препознале по фотографија од меѓународната потерница. Се бараше за повеќе кривични дела, а срспската полиција го бара и за издржување затворска казна. 28 годишниот Кими е познат како водач на најозлогласената подгрупа на Гробари, Алкатраз.

На списокот кривични дел кои ги извршил Кими, покрај насилство и закани, стои и палењето на Бајракли џамијата во Белград во 2004 година. Информацијата за апсењето ја потврди македонското МВР. Пред малку на граничниот преминТабановце, водачот на навивачката група Гробари - Кими македонската полиција им го предаде на српските колеги.

Снимка и детали од апсењето МВР најави за утре.





 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,65 61,96
CHF 51,07 51,33 51,58
USD 48,04 48,28 48,52
Цела курсна листа

Временска прогноза

среда

макс: 8º
мин: 10º
ветер: И 13 km/h
влажност: 55%
врнежи: 80%

четврток

макс: 24º
мин: 14º
ветер: ССЗ 18 km/h
влажност: 61%
врнежи: 50%

петок

макс: 23º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 64%
врнежи: 50%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.