Rss feed

Вести

вторник, 21 февруари 2012, 15:22

Наскоро со автобус до аеродром, а со авион до нови дестинации

Наскоро со автобус до аеродром, а со авион до нови дестинации
Никола Крстиќ
Конечно со автобус до „Александар Велики“. Скапиот такси превоз од први март ќе добие алтернатива. Концесионерот ТАВ воведува редовна линија со повеќе попатни станици од Центар до аеродромот и обратно.

„Се договоривме со една домашна приватна компанија која ќе го врши превозот. Патниците сега може да бидат покомотни по ова прашање. Превозот ќе биде паралелен приспособен според распоредот на летовите“,вели главниот оперативен директор на „ТАВ Холдинг“, Мурат Орнекол.

ТАВ во потрага и по нови дестинации и авиокомпании кои ќе ги преземат патниците и транзитот преку Будимпешта и Прага, откако Малев ја приземји флотата поради банкрот, а Чех го намали бројот на линии поради лоши резултати, со што Скопје остана со директна авионска врска само со 11 аеродроми.

„Преземаме напори и очекуваме наскоро да ги покриеме овие линии. Потребно е многу време да се убеди некоја авиокомпанија да почне да врши летови или, пак, да воведе нова линија. Имаме преговори со нови авиокомпании, но не сакаме да споменуваме имиња“, вели Орнекол.

За привлекување авиокомпании ТАВ досега потроши 1.1 милиони евра кои во комбинација со најавените владини субвенции од 5.1 милиони евра скопскиот аеродром ќе го направат попривлечен.

„Тоа е позитивен чекор на македонската Влада, но тоа не го прават за да не поддржат нас, туку македонската економија. Ќе се зголемат приходите од даноците и таксите, а секој странец што доаѓа во просек троши по 250 евра. Но, поголемиот раст зависи и од македонските граѓани. Зошто да дојдат авиокомпании, ако нема патници“, вели Орнекол.

Резултати веќе има – нискобуџетните Виз ер, Аир Берлин, Бел Ер и Пегасус почнаа да оперираат, а лани имало зголемување на бројот на патници од 11.5% во Скопје и 67% во Охрид.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,65 61,96
CHF 51,07 51,33 51,58
USD 48,04 48,28 48,52
Цела курсна листа

Временска прогноза

среда

макс: 8º
мин: 10º
ветер: И 13 km/h
влажност: 55%
врнежи: 80%

четврток

макс: 24º
мин: 14º
ветер: ССЗ 18 km/h
влажност: 61%
врнежи: 50%

петок

макс: 23º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 64%
врнежи: 50%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.