понеделник, 20 февруари 2012, 17:33
Стартуваа новите регистарски таблички
Наташа Гркова Петрушевска
Новите таблички веќе се движат по македонските патишта. Автомобилите што денеска ја направија првата регистрација добија таблички по европски стандарди. Тие се со повисок степен на заштита. За разлика од старите таблички, новите имаат четири бројки, кои заедно со 20-те букви кои се користат, ќе овозможат околу 4 милиони комбинации.
Првите регистарски таблички, иако граѓаните очекувале да почнат од единица, распоредени се низ пунктовите, а првите издадени се со петка. Новите таблички оценети како одлични.
Цената на новите таблички останува иста како и досега, 1200 денари. Граѓаните нема да бидат обврзани да ги сменат старите, освен во неколку случаи.
Уште една новина е тоа што оние што сакаат да го испишат своето име или пак некој натпис, но без провокативна содржина на новите регистарски таблички е возможно. Цената за ваквите таблички изнесува 1200 евра во денарска противвредност.
Извршено е доставувањето на новите регистарски таблички во 16- те пунктови низ Скопје. Првите таблички беа издадени во Центар и во Карпош. Во наредните денови ке бидат дистрибуирани во целата држава.