среда, 08 февруари 2012, 10:28
Најмалку десет екстремисти убиени во пакистанскиот регион Северен Вазиристан
Во нападот на американско беспилотно летало денеска се убиени десет екстремисти во пакистанскиот регион Северен Вазиристан кај границата со Авганистан, соопштија пакистански безбедносни претставници.
Истрелани се два проектили врз куќа, за која се сметало дека е скривалиште на екстремисти во селото Тапи на 15 километри источно од Мираншах, главен град на Северен Вазиристан.
Куќата е целосно уништена и десет екстремисти се убиени, наведоа пакистански безбедносни претставници.
Тоа е петти напад оваа година, иако оваа програма на ЦИА, која се смета за клучен елемент во американските напори за сузбивање на тероризмот, наводно запрен по ноемврискиот воздушниот напад кога се убиени 24 пакистански војници што ги „разбесне“ претставниците на Исламабад.