Rss feed

Свет

вторник, 07 февруари 2012, 10:29

Меркел изрази отворена поддршка за Саркози

Меркел изрази отворена поддршка за Саркози
Германската канцеларка Ангела Меркел отворено му изрази поддршка на францускиот претседател Никола Саркози, интервенирајќи во предизборната претседателска кампања која што е во тек во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Осумдесет дена пред првиот круг од изборите, во кои Никола Саркози, официјално се уште не е кандидат, сите испитувања на јавното мислење му предвидуваат пораз, ја доби поддршката од Меркел на „сите планови“.

- Го поддржувам Никола Саркози на сите планови бидејќи ние им припаѓаме на пријателски партии, рече германската канцеларка во Елисејската палата.

Таа потсети дека Саркози ја поддржал во 2009 на изборите во Германија. Меркел исто така потсети дека Франсоа Холанд учествуваше на конгресот на германската Социјал-демократска партија во декември, но не даде одговор дали ќе се сретне со Франсоа Холанд за време на предизборната кампања, додавајќи дека „засега има друга работа“.

Франсоа Холанд од своја страна рече дека неговата прва посета во странство, ако биде избран ќе биде на Германија. Меркел нагласува дека нејзината посета на Париз е во својство на канцеларка и дека таа ја отфрла секоја идеја за повторно преговарање на договорот постигнат за буџетската дисциплина, како што посакува и најави дека тоа ќе го направи Франсоа Холанд.

- Европа не ќе може да функционира ако за се што е постигнато договор, биде ставано во прашање кога владите се менуваат, смета Меркел.

Никола Саркози со задоволство ја прими поддршката од Ангела Меркел, посебно откако последниве месеци тој и неговата Влада имаат само пофални зборови за економската политика и отпорност на Германија.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.