Rss feed

Свет

петок, 03 февруари 2012, 19:38

Бедуините ги ослободија двете американски заложнички

Бедуините ги ослободија двете американски заложнички
Двете американски туристки кои денеска беа киднапирани од египетските бедиуни се ослободени.

Двете американски туристки и нивниот египетски водач беа киднапирани во јужнио дел на Синајскиот Полуостров. Киднапирањето се случило кога вооружени маскирани луѓе го запреле автобусот со туристи кој сообраќал од манастираот Света Катарина до Шарм ел Шеик, при што како заложници земале три лица.

Киднаперите барале ослободување на нивните роднини од египетските затвори.

Египетската државна телевизија објави дека воен авион го надлетува јужниот дел на Синајскиот Полуостров во потрага за киднапираните лица.

Инцидентот се случи само два дена откако бедуините во северниот дел на Синај киднапираа 25 кинески граѓани кои работеа во воената фабрика за цемент, барајќи ослободување на нивните роднини исламисти кои се во затвор од бомбашките напади на Синајскиот Полуостров во периодот од 2004 до 2006 година.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.