Rss feed

Свет

петок, 03 февруари 2012, 15:44

Сириски опозициски групи повикуваат за масовни протести

Сириски опозициски групи повикуваат за масовни протести
Сириски опозициски групи повикаа денеска за големи демонстрации во поддршка на провинцијата Хама откако во владини репресии загинаа најмалку 10 луѓе. Меѓу жртвите е и првиот регистриран смртен случај во северозападната провинција Алепо.

- Тоа е првиот, но не и последниот маченик во Алепо, вториот по големина град во Сирија, изјави Омар Идлиби, портпарол на локалните координациски комитети што ги организираат антивладините протести.  

- Очекуваме иладници луѓе да учествуваат денеска во демонстрации под мотото Извини Хама, прости ни, изјави Идлиби.

Во 1982 година владини сили задушија бунт во провинцијата Хама против владеењето на тогашниот претседател Хафез ал Асад, татко на сегашниот претседател.

Активистите укажуваат дека војници ги засилуваат од утрото мерките за безбедност околу предградија на Дамаск во очекување на денешните протести.

Хјуман Рајтс Воч денеска соопшти дека сириската армија и силите за безбедност измачуваат 13-годишни деца.

- Армијата и офицери од силите за безбедност уапсија лани деца и ги измачуваа. Регистрирани се најмалку 12 случаи на деца затворени во нечовечки услови, измачувани или застрелани во домовите и по улиците, наведуваат од Хјуман Рајтс Воч.

Органзиацијата тврди дека сириската Влада претворило училишта во центри за приведување и воени бази и поставило снајперисти на објектите.

- Тринаесетгодишни деца се затворани, брутално тепани и удирани со електрошокови од офицери кои притоа и ги горат со цигари и ги закачуваат да висат со часови, се наведува во извештајот на Хјуман Рајтс Воч.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.