Rss feed

Свет

петок, 03 февруари 2012, 15:42

Осум држави на ЕУ погодени од намалената достава на гас од Русија

Осум држави на ЕУ погодени од намалената достава на гас од Русија
Европската комисија потврди дека Полска, Словачка, Австрија, Унгарија, Бугарија, Романија, Грција и Италија погодени се од намалената достава на гас од Русија.

Портпаролот на еврокомесарот за енегретика Марлене Холцнер изјави дека ЕК контактира со Амбасадата на Русија во Брисел за да ја утврди причината за намалената достава на руски гас.

Австрија вчера добила еднатретина помалку гас од предвиденото, Италија 24 проценти помалу, а Полска осум отсто. Се уште не е познато за колку се намалени денешните достави на руски гас.

Холцнер наведе дека нема место за паника и оти сите страни на Европската унија се во состојба да го надоместат недостатокот од рускиот гас.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.