Rss feed

Свет

петок, 03 февруари 2012, 15:35

Умаров им нареди на своите приврзаници да ги прекинат нападите врз цивили

Умаров им нареди на своите приврзаници да ги прекинат нападите врз цивили
Лидерот на исламистичкиот бунт во Кавказ, Чеченецот Доку Умаров им наредил на своите приврзаници да им стават крај на нападите врз цивили во Русија по протестите против режимот на премиерот Владимир Путин.

- Им наредувам на сите групи за саботажа, кои имаат задача да го спроведат нашиот план за специјални операции во Русија, да ги прекинат акциите во кои можат да бидат повредени цивили, истакна Умаров во видео снимка.

Умаров, по кого трагаат руските власти, презеде одговорност за нападот на московскиот аеродром Домодедово во јануари минатата година, во кој загинаа 37 лица, како и за двојниот напад во московското метро во 2010 година, при што беа убиени 40 луѓе.

- Настаните денес во Русија ни покажуваат дека рускиот народ не го поддржува повеќе режимот на Путин. Денес цивилното население во Русија е заложник на режимот на Путин, кој се бори против исламот на територијата на Кавказ. При вакви околности должни сме да го заштитиме цивилното население за време на нашите специјални операции, додаде бунтовничкиот лидер.

Според него, во ваква ситуација „специјалните операции треба да бидат насочени против безбедносните сили, тајните служби и лицемерните линовници, кои со зборови и дејствија му штета на исламот и се непријатели на Господ“.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.