вторник, 21 февруари 2012, 14:44
Безнапонска состојба за 22.02.2012 г.
ЕVN Македонија АД ги известува своите корисници дека на ден 22.02.2012 година,
-во време од 09.00 до 14.00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците во с.Глумово, с.Шишево, с.Матка, објектите Бис Оил, Адријус, како и останати стопански и нестопански објекти во овој реон.
-Во време од 09.00 до 11.00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците лоцирани на ул.”Руди Чајевац”,
-а во време од од 09.40 до 12.00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од стопанските и нестопанските објекти во околината на Градскиот Стадион – Јужна трибина.
Овие прекини на напојувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во реонот.