Rss feed

Сервисни Информации

вторник, 21 февруари 2012, 08:49

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

На сите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни и лизгави коловози, наместа со остатоци од снег, особено на повисоките места и планинските премини.

На патниот правец Тетово - Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај на автобуси.

На возачите им препорачуваме исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

Посебна внимателност на патните правци Дебар - Струга, Маврово - Дебар, Катланово - Велес и Демир Капија - Удово поради честа појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.

На граничните премини нема подолги чекања.

Потсетување за возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата која ќе трае до 15 март.

АМСМ УСЛУГИ - Служба за помош и информации на пат (02) 15 555




 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.