Rss feed

Сервисни Информации

понеделник, 20 февруари 2012, 12:10

Јавни расправи за влијанието врз животната средина од израдбата на автопатот М-5

Министерството за животна средина и просторно планирање ја стави на јавна расправа Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот „Изградба на автопатот М-5 на делниците од Црна Скала (граница со Република Бугарија) кај Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес“.

Во рамки на тоа предвидено е да се одржат собири во општините низ кои поминува трасата на автопатот.

За утре најавени се собири во општините Велес и Свети Николе, во среда во Штип и Кочани, а во четврток во Делчево.

Инвеститор на проектот е Агенцијата за државни патишта на Република Македонија.

Интересот кај граѓаните од општините во Источна Македонија за реализација на проектот е голем, бидејќи со автопатот ќе се намали растојанието од Делчево до Софија, а со тоа и до Турција.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.