Rss feed

Сервисни Информации

понеделник, 20 февруари 2012, 12:08

Битолчанката Лилјана Ракосовска освои два златни медали на натпреварот „Вешта жена“ во Ниш

Битолчанката Лилјана Ракосовска освои два златни медали на меѓународниот натпревар „Вешта жена“ што се одржа во Ниш.

Во конкуренција од 109 учеснички од Македонија, Бугарија и домаќинот Србија, Ракосовска е првонаградена за најдобро подготвена торта и за најдобро подготвени и највкусни македонски колачи.

Таа е член на Организацијата на жени-Битола и учествувала на бројни натпревари за најубава торта и други кулинарски вештини во државата и странство, за што често е наградувана.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.