Rss feed

Сервисни Информации

понеделник, 20 февруари 2012, 11:27

Општина Кисела Вода ќе го одбележи Светскиот ден на мајчиниот јазик


Општина Кисела Вода во соработка со сите осум основни училишта свечено ќе го одбележи 21-ви февруари – Светскиот ден на мајчиниот јазик со пригодна манифестација во основното училиште “Кирил Пејчиновиќ”. По тој повод, општината Кисела Вода распиша конкурс за избор на најдобри литературни и ликовни творби на тема: ,,Го раскажуваме минатото, пееме за сегашноста, ја сликаме иднината”. На конкурсот имаа можност да учествуваат учениците од сите основни училишта во општината, а прогласувањето на најуспешните творби ќе се случи утре со почеток во 11:30 часот во аулата на основното училиште “Кирил Пејчиновиќ”. На манифестацијата ќе присуствува и градоначалникот Марјан Ѓорчев, кој ќе ги додели признанијата на најуспешните.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.