понеделник, 20 февруари 2012, 08:47
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА
На сите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни и лизгави коловози, особено на повисоките места и планинските премини.
За тешки товарни возила забрана за сообраќај има на патните правци Дебар - Струга и Тетово - Попова Шапка.
На патниот правец с.Маврово – Никифорово – Леуново сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
АМСМ на возачите им препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Посебна внимателност на патните правци Дебар-Струга, Маврово-Дебар, Катланово-Велес и Демир Капија –Удово поради честа појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
На граничните премини нема подолги чекања.
Потсетување за возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата која ќе трае до 15 март.
АМСМ УСЛУГИ - Служба за помош и информации на пат (02) 15 555