Rss feed

Сервисни Информации

недела, 19 февруари 2012, 17:44

Во струшко Подгорци се одржаа 16-те зимски спортски игри

Во струшкото село Подгорци денес се организраа 16-те по ред зимски спортски игри. Станува збор за манифестација која има за цел да ги промовира зимските спортови, но и убавините на овој дел на Македонија кој нуди одлични можности за развој на зимскиот туризам.

Селото се наоѓа под пазувите на планината Јабланица. Годинава игрите се одржаа во местото „Чука“, кое се наоѓа на 1000 метри надморска височина и каде во моментов има околу два метри снег. На игрите учестуваа повеќе од 300 натпреварувачи од околните села, како и од Струга.

- Манифестацијата е во организација на Еколошкото друштво „Пишкинец“. Најголем интерес имаше за дисциплината скијање спуст, потоа се одржаа натпревари и во влечење со јаже во снег, трчање по длабок снег, стрелање со лак, ракометни и кошаркарски игри во снег, како и детски игри во длабок снег. Наградите за победниците беа парични и награди во производи, израви Решат Арсланоски од организацискиот одбор.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.