Rss feed

Сервисни Информации

недела, 19 февруари 2012, 16:49

Куманово 24 часа без вода

Куманово во наредните 24 до 48 часа очекува нормализирање на водоснадбувањето. Додека траеше синоќешната вонредна координација на општинските советнички групи, беше пуштена вода од акумулацијата Липково до филтер станицата.

Надлежните претпријатија „Водовод“ и „Водостопанство Кумановско-липковско поле“ се обвинуваат меѓусебе за проблемот со водоснабдувањето.

- Синоќа во 21 часот дојде до целосен прекин на дотурот на вода од браната Липково до филтер станицата. Додека траеше координацијата, беа пуштени 163 литри вода во секунда но, потребно е дополнитлно време да се нормализира водоснабдувањето во градот кое веќе функционира во центарлното градско подрачје, информира директорот на ЈП „Водовод“ Виктор Божиновски.

„Водостопанство Кумановско-липковско поле“ тврди дека цело време му испорачувало 220 литри вода на „Водовод“ до директниот вод. Како што рече директорот Филип Филиповски, на прептријатието му е од интерес водоснадувањето зашто на тој начин се финансира. Тој потсети дека „Водовод“ им должи 47 милиони денари за вода, за последниве три години.

- Сметам дека проблем се финансиите. „Водостопанство“ бара зголемување на цената на испорачаната вода, а ЈП „Водовод“ не може да одговори, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Во 18 часот попладне треба да се одржи вонредна седница на Советот на општина Куманово.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.