Rss feed

Сервисни Информации

недела, 19 февруари 2012, 15:03

Во најголем дел од струшките училишта од утре продолжува наставата

Наставата во двете струшки гимназии, по еднонеделна пауза поради големите снежни врнежи и проблемите што снегот ги предизвика во Струга и околината, од утре продолжува.

Настава од утре ќе има и во сите основни училишта во градот, со исклучок на неколку подрачни училишта во повисоките планински предели каде снегот се уште создава проблеми.

За тоа како ќе се надополнат изгубените часови од училиштата информираат дека ќе се знае дополнително по координацијата со Министерството за образование и наука.

- Постојат две варијанти. Едната од нив е изгубените часови да се одржат по 10 јуни, додека втората е тоа да биде за време на наредните неколку саботи, изјави Урим Крка, директор на струшката гимназија „Ибраим Темо“.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.