Rss feed

Сервисни Информации

недела, 19 февруари 2012, 10:20

Општина Богданци со буџет од 117,2 милиони денари

Општина Богданци годинава ќе располага со буџет од 117,2 милиони денари што е за 402.836 денари или 0,3 проценти помалку од средствата со кои располагаше локалната самоуправа минатата година.

Даночните приходи е планирано да изнесуваат 25.487.157 денари, а трансферите по дејности од локална надлежност се позиционирани на 18.682.330 денари. Намалените буџетски приходи се должат на намалените очекувања за прилив на средства од неданочните приходи, глоби, судски и административни такси кои е предвидено да изнесуваат 4,536 милиони денари, што е за 18,7 проценти помалку од минатата година.

Најголем дел од приходните ставки годинава припаѓаат на средствата по основ на дотации од Буџетот на Република Македонија кои изнесуваат 63,499 милиони денари.

Во расходите, најголема ставка претставуваат платите и надоместоците за вработените во локалната самоуправа со предвидени 50.359.425 денари, потоа следуваат стоки и услуги со 46,8 милиони денари, а за капиталните трошоци се предвидени 16.868.762 денари, што претставува 14,39 проценти од вкупните буџетски средства за 2012 година.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.