недела, 19 февруари 2012, 10:19
Чистење мраз пред влезовите на пензионерскиот дом „Јане Сандански“
Младите на Црвен Крст-Кисела Вода и Општина Аеродром денеска организираат чистење мраз пред влезовите на пензионерскиот дом „Јане Сандански“.
Акцијата се реализира во рамки на проектот „ПХВ - Промоција на хумани вредности“ што го спроведува Црвениот Крст.
За време на акцијата младите ќе ги послужуваат пензионерите со топол чај, а истовремено, со топли напитоци ќе се послужуваат и минувачите кај пазарчето зад ТЦ „Бисер“.